-->
-->
Објавен конкурс за доделување на „Ноемвриска награда“ на Старо Нагоричане
-->

Советот на општина Старо Нагоричане објави конкурс за доделување на „Ноемвриска награда“, признание кое се доделува на истакнати поединци, претпријатија, здруженија на граѓани, во чест на Денот на ослободување на општината, информираа денеска од општинската комисија за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија.
За наградата можат да конкурираат сите заинтересирани физички и правни лица од општината. Наградата,соопшти претседателката на комисијата,Весна Краљевска, се доделува за пет категории и тоаљ за најдобар земјоделец, сточар, најуспешна фирма, најдобар спортист и за најдобар просветен работник.
Пријавувањето на кандидатите се врши во просториите на општината во одделението за правни,општи и јавни дејности,секој работен ден до 25 октомври,годинава.Наградите ќе се доделат на 11-ти Ноември на свечена седница на советот на општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
