Обама: Треба да се извлече поука од трагедијата во Сребреница

Американскиот претседател Барак Обама нагласи дека треба да се извлече поука од трагедијата во Сребреница.
- Ние треба на случувањата во Сребреница да гледаме со широко отворени очи, да се сеќаваме на трагедијата и да извлечеме поука од неа, изјави Обама по повод 20-годишнината од масакрот.
Тој во својата изјава случувањата во Сребреница ги означи како геноцид и најголемиот масакр во Европа во изминатите 50 години.
Според Обама само кога искрено ќе се признаат случувањата во минатото, може да биде постигнато трајно помирување во иднината.
- Само кога злото ќе биде наречено со неговото име, ние ќе можеме да пронајдеме сили за да го надминеме, посочи Обама.
Десетици илјади лица пристигнаа денеска во Сребреница за одбележување на 20-годишнината од масакрот на осум илјади босански мажи и момчиња и за погребувањето на посмртните останки на 136 новоидентификувани жртви.
Луѓето пристигнаа со автобуси, автомобили, мотори, а некои од нив дојдоа и пеш. На церемонијата пристигнаа и 500 велосипедити.
Во некогашната Фабрика за акумулатори во Поточари претставниците на бројни домашни и странски делегации се впишаа во Книгата на жалоста, пишувајќи ги своите чувства по доаѓањето на местото, каде пред 20 години е извршени најстрашното злосторство по Втората светска војна.
Меѓу нив се и бројни претставнции на политичкиот и дипломатскиот кор во БиХ, премиер Денис Звиздиќ, премеирот на Федерациајта Фадил Новалиќ, претседателот на Меѓународниот суд во Хаг Теодор Мерон и главниот обвинител Серж Брамерц, пратеничката на Европскиот парламент Тања Фајон, јорданската кралица Нур, британската принцеза Ана, директорката на Меѓународната комисија за потрага по исчезнатите Кетрин Бомбергер, како и неколку шефови на држави, меѓу кои претседателите на Словенија, Црна Гора и Хрватска, Борут Пахор, Филип Вујановиќ и Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот на Србија Александар Вучиќ.
За геноцидот во Сребреница се обвинети лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. Процесите против нив се уште не се завршени.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
