Обама повикува на „вистинска промена во САД“ и на преиспитување на употребата на сила
Поранешниот американски претседател Барак Обама вчера ги повика Американците да ја искористат итноста на протестите заради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за да донесат „вистинска промена“ во САД.
Обама, кој првпат ги коментира немирите во десетиците американски градови, ги повика сите градоначалници, во консултации со граѓаните, да ја преиспитаат политиката за употреба на сила од страна на нивните полициски управи.
Поранешниот американски претседател рече дека изминатите неколку недели, без оглед колку биле трагични, тешки, страшни и неизвесни, „исто така беа и неверојатна можност луѓето да се разбудат од некои основни трендови во САД“, пренесува Си-Би-Ес њуз.
-И тие ни нудат шанса да соработуваме заедно за да се соочиме со нив, за да ги преземеме за да ја промениме Америка и да овозможиме таа да живее според нејзините највисоки идеали, рече Обама, обраќајќи се во живо од својот дом во Вашингтон, како дел од поширокиот разговор за предложените реформи на полициските агенции и подобрување на довербата меѓу полицијата и граѓаните.
Обама директно им се обрати на младите Афроамериканци, кажувајќи им дека тие, нивните животи и сниѓта се важни.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар