Свет
26. November 2015 - 8:50

Обама го одобри законот за одбрана

Американскиот претседател Барак Обама го одобри денеска законот за одбранбена политика на САД, со кој се предвидени 607 милијарди долари за трошоците за одбраната.

Со законот меѓутоа се отежнува затворањето на воениот затвор Гвантанамо на Куба.

Белата куќа овој месец јасно стави до знаење дека Обама ќе го одобри законот и покрај отежнувачките одредби во врска со Гватанамо. 

Обама одамна вети дека ќе го затвори Гвантанамо, но повеќе пати мораше да се соочи со забелешките на американските конгресмени, кои се противат на тоа поради можноста затворениците во тој затвор по неговото затворање да бидат преместени во американските затвори.