Нуредини: До почист воздух со затворање на термоелектраните и менување на начинот на греење во домовите

Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.
-Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.
Идеја ни е, посочи, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен за да имаме стабилна мрежа
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
