Новото име на државата поставено на сигналната табла на граничниот премин Делчево
Новото име на државата Република Северна Македонија веќе е поставено и на сообраќајните табли во близина на граничниот премин Делчево од македонска страна. Таблите како што известија надлежните, поставени се согласно договорот од Преспа со Република Грција. Што се однесува до таблите на граничниот премин „Станке Лисичково“ од бугарска страна, тие се уште се со името Република Македонија.
– Се уште се работи на изнаоѓање начин како ќе се врши замената на таблите со новото име на вашата држава. Дали замената ќе предвиди целосно нови табли или врз веќе постоечките ќе биде ставен натпис со новото име, ќе се знае до крајот на неделата, се вели во соопштението од бугарската гранична служба.
Делчево е на 25 километри од Бугарија која е членка на Европската Унија и секојдневно на овој граничен премин поминуваат над 150 товарни возила. Засега не е забележана појава на чкртање на сигналните табли на кои стои новото име на државата Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните

