-->
-->
Новости: Дачиќ наложи итна контрола по амбасадите
-->
Екипа на Министерството за надворешни работи на Србија задолжена за надзор на работата на нашите амбасади и конзулати во светот, започна со вонреден надзор на работата во дипломатско-конзуларните претставништва, пишува „Вечерњи новости“. „Контролорите“ до сега ненајавено ги посетиле амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период да се проверат што повеќе дипломатски „филијали“ не само во Европа, туку и на подалечни дестинации.
Екипата подготвува детален извештај за секој надзор кој, со препораки, се доставува на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што пишува „Новости“, сите неправилности ќе бидат регистрирани, а во зависност од евентуалните пропусти, ќе има сериозни санкции, додека, пак, таму каде што надзорот ќе покаже дека „се е под конец“ ќе следат награди за амбасадорите.
Според весникот, се проверува се - од финансиите до безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништа, како и нивото на комуникации кои ги остваруваат со останатите земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
