-->
-->
Новости: Дачиќ наложи итна контрола по амбасадите
-->

„Контролорите“ до сега ненајавено ги посетиле амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период да се проверат што повеќе дипломатски „филијали“ не само во Европа, туку и на подалечни дестинации.
Екипата подготвува детален извештај за секој надзор кој, со препораки, се доставува на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што пишува „Новости“, сите неправилности ќе бидат регистрирани, а во зависност од евентуалните пропусти, ќе има сериозни санкции, додека, пак, таму каде што надзорот ќе покаже дека „се е под конец“ ќе следат награди за амбасадорите.
Според весникот, се проверува се - од финансиите до безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништа, како и нивото на комуникации кои ги остваруваат со останатите земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје