Ново од Вип: HBO каналите бесплатно еден месец
Вип објавува збогатување на ТВ програмската листа достапна за сите корисници на Вип пакетите кои вклучуваат ТВ услуга, со атрактивните HBO канали преку кои корисниците добиваат можност да ги следат најновите филмски содржини.
Со оваа најнова понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот постоечки договор на 24 месеци на некој од Вип тарифните модели кои вклучуваат ТВ услуга ја добиваат можноста да ги следат HBO, HBO 2 и HBO 3 бесплатно во првиот месец. По завршувањето на промотивниот период корисниците можат повторно да го активираат HBO пакетот и да ги следат содржините на сите HBO канали за месечна претплата од 249 денари.
Преку HBO каналот, корисниците можат да ги следат најновите супер атрактивни премиери на филмови и најпопуларните блокбастери од сите жанрови. Со HBO 2 каналот корисниците добиваат телевизиска програма наменета за најмладите и програми со фамилијарна содржина, комедии и семејни драми во текот на денот, а интересни акциони и трилер филмови во вечерните часови. Преку HBO 3 каналот пак корисниците можат да ги следат едни од најпопуларните серии во светот.
Повеќе информации за понудата корисниците можат да добијат на www.vip.mk или со јавување на 077 1234 како и со посета на продажните места на Вип низ целата земја.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини