Ново Грен слем финале Синер – Алкараз

Двајцата најдобри светски тенисери за изборија за нов финале меч на Грен слем турнир. Тие во полуфиналните дуели одиграни ноќеска забележаа победи.
Во првото полуфинале Карлос Алкараз го совлада Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови (6:4; 7:6(4); 6:2) за 2 часа и 25 минути игра. Својата доминација Алкараз ја покажа на стартот од мечот кога веднаш направи брејк и предноста ја искористи за да го освои првиот сет. Во вториот сет Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови, но шпанскиот тенисер го врати загубениот гем и во тај брејкот беше подобар со 7:4 на поени. Во третиот сет Алкараз само „потврди“ уште една победа над Ѓоковиќ.
Во второто полуфинале кое траеше 200 минути беше одигран еден сет повеќе. Јаник Синер поведе во мечот со Феликс Оже-Алиасиме, но противникот успеа да изедначи на 1:1. Сепак следните два сета ги освои Синер.
Финалниот меч Синер – Алкараз ќе биде трет во низа на Грен слем турнирите, откако претходно играа на Ролан Гарос и на Вимблдон.
Вечерва од 22 часот на програмата е женското финале меѓу Арина Сабаленка и Аманда Анисимова
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
