Ново детско игралиште во Градски ѕид

Отворено е детско игралиште во Градски ѕид, на плочникот помеѓу Агромеханика и Клубот на новинари. Ова комбинирано детско игралиште на 250 метри квадратни е наменето за деца на возраст од три до 11 години. Изработено е од дрвени елементи, а составено е од две куќарки, платформа, столбови за качување со јаже, двојни лулашки и лизгачи со различни висини.
Комплексот е надополнет со урбана опрема (канти за отпадоци и клупи). Поставена е и заштитна гумена подлога.
- Игралиштето е поставено на оваа локација на барање од граѓаните кои бараа преместување на детското игралиште кое досега се наоѓаше на булеварот „Климент Охридски“, во близина на бензинска пумпа и сред градски метеж, информира општина Центар.
На поранешната локација на игралиштето ќе никне заштитен зелен појас.
Општина Центар информира дека предвидена е комплетна реконструкција на три детски игралишта, во Индијанско маало, кај Францускиот културен центар и кај Коктел бар, како и кај Зелен пазар.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
