Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел

Новиот командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мохамад Пакпур, му се закани на Израел со одмазда по убиството на неговиот претходник во израелските напади врз Иран, јави ДПА.
„Како одмазда за пролеаната крв на командантите, научниците и невините луѓе, портите на пеколот наскоро ќе се отворат за овој режим што убива деца“, напиша Пакпур во писмо до врховниот лидер Али Хамнеи, пренесуваат локалните медиуми.
Поранешниот командант на ИРГЦ, генерал-мајор Хосеин Салами загина во израелскиот напад врз седиштето на Гардата. Салами беше сметан за еден од највлијателните луѓе во Исламската Република.
Израелската армија подоцна соопшти дека го елиминирала командантот на воздухопловните сили на ИРГЦ, бригаден генерал Амир Али Хаџизаде, што беше потврдено и од иранската агенција ИРНА. Во ноќните напади, според ирански извори, загинале и најмалку шест истакнати ирански научници, вклучително нуклеарни експерти, и академици.
Претходно, Хамнеи му се закани на Израел со „строга казна“ за нападите.
Ново на Сител
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
