Новиот Бонд 007 би можел да биде жена
Меѓу големиот број познати имиња кои се споменуваат како потенцијални наследници на Даниел Крег во улогата на агентот 007, се вбројува и една глумица.
Крег неодамна објави дека филмското студио МГМ му понудило 68 милиони фунти за новиот филм за Џејмс Бонд, но тој ја одбил понудата. Меѓу главните кандидати за новиот Бонд сега се споменуваат Том Хидлстон, Дамијан Луис и Идрис Елба, но и Џилиан Андерсон.
Идејата во новото продолжение на Бонд да игра ѕвездата на серијата „Досие Икс“ прво се појави на социјалните мрежи. Оваа идеја и се допаднала и на самата глумица, па на Твитер објавила дури и потенцијален постер за филм за Џејн Бонд, со неа во главна улога.
- Моето име е Бонд. Џејн Бонд, напишала Андерсон.
Додека многумина ја поддржаа оваа идеја, други сметаат дека улогата на Бонд мора да остане машка, меѓу кои е и Пирс Броснан, кој играше во четири филма за Џејмс Бонд.
Сепак Даниел Крег не се согласува со тоа.
- Мислам дека идејата Бонд да биде женско е одлична. Доброто со овој филм е што се е измислено, па секако дека и тоа може да се случи. Се е можно, изјави Крег во едно интервју.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
