Новинарот Хардинг издава книга за врските на Трамп со Русија

Новинарот Лук Хардинг, кој пишуваше за т.н. „Досиеја на Стил“ за американскиот претседател Доналд Трамп, напиша книга чија промоција ќе биде на 16 ноември.
Издавачката куќа „Винтиџ букс“ сооошти дека книгата на Хардинг „Заговор: тајни средби, валкани пари и како Русија му помогна на Доналд Трамп да победи“, е детално четиво за врските на американскиот претседател со Русите.
Хардинг е поранешен дописник на „Гардијан“. Минатата година се сретнал со поранешниот шеф на одделот за Русија во британската разузнавачка служба МИ6, Кристофер Стил, чие досие за Трамп содржело, наводно, шокантни тврдења за неговите врски со Русија.
Во книгата тој се осврнува и на блиски и роднини на Трамп, како Доналд Трамп Јуниор, Џаред Кушнер и Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп.
Издавачката куќа објави и изјава на Хардинг во која се вели дека историјата за Трамп и Русија е од типот „следи ги парите“ - фраза од времето на аферата Вотергејт.
- Клучот за историјата Трамп-Русија беше да се следат парите, да се види какви зделки се склучени, кога и од кого, и какви односи биле создадени и зошто, изјави тој.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
