Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски измени во високото образование.
Јаневска, во вечерашното гостување на телевизија Сител, направи пресек на реализираните активности и најави нови реформи во образовниот систем. Од реализираното ги издвои дигитализирани процеси и услуги во министерството, дигитализирани услуги за учениците и студентите и склучените меморандуми за соработка со универзитети, невладини организации и странски институции.
Министерката потврди дека учениците ќе добијат учебници по сите предмети, вклучително и странски јазици.
- Учебници дека ќе има по сите предмети, вклучително и странски јазици. Ќе има делумна промена на концепцијата, интегрираните предмети ќе бидат раздвоени, ќе има нови наставни програми, нови учебници за седмо одделение, рече таа.
Во делот на вештачка интелигенција, истакна дека во соработка со Универзитетот во Битола, ќе се изработат водичи за наставници и ученици за користење на ВИ со креативно размислување.
- Воведуваме и вештачка интелигенција во образованието, интерактивни учебници и насоки за вештачка интелигенција во регионалните центри, изјави министерката.
Јаневска најави дека се работи на воведување целодневна настава за учениците од прво до петто одделение. За таа цел, како што рече, ова лето ќе започне доградба на 25 училишта.
- Сакаме од прво до петто сите ученици да одат во целодневна настава. Ова е процес што ќе се одвива во следните четири години, рече таа.
Во врска со иселувањето на околу 17.000 ученици, таа потврди дека е тоа така, но посочи дека има и општини со зголемен број на ученици.
- Мрежата ќе се оптимизира – таму каде што има по пет ученици, ќе се затвораат училишта, но во Аеродром, Кисела Вода и Чаир ќе се градат нови, истакна Јаневска.
Информираше дека министерството е при крај со новиот Закон за високо образование, како и со законите за научно-истражувачка дејност и иновации.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија