Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари.
Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.
-Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.
По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
