Нови фито-анализи за извоз на вино
Со новите брзи анализи кои за само 10 минути овозможуваат параметри неопходни за извезување вино на светските пазари, ќе се запознаат денеска учесниците на семинарот што го организира Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ).
Семинарот е на тема „Лабораториски услуги на Државната фитосанитарна лабораторија за анализа на грозје, шира, шира во ферментација и завршено вино (суво, полусуво и слатко) согласно законската регулатива на Република Македонија".
Семинарот се одржува во соработка со „ЛАБЕНА ДООЕЛ - Скопје“, застапник на FOSS компанијата производител на инструменти во областа на биотехнологија за храна, и со Здружението на винари на Република Македонија, а ќе го отвори директорката на Државната фитосанитарна лабораторија Сузана Кратовалиева.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива