Нови дваесет интервентни комбиња доби Полицискиот центар Ѓорче Петров

Дваесет интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи беа промовирани денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР.

Во соопштението се наведува дека комбињата се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во оваа прилика истакнал дека стратешката поставеност на МВР ги донела посакуваните резултати во делот на подобрување на техничко-материјалните капацитети на македонската полиција, за континуирано модернизирање и надградба на средствата и опремата коишто се неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на работните задачи на полициските службеници.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
