Нови апарати во здравствениот дом во Делчево

Во Здравстевниот дом во Делчево набавени се три апарати за дијагностика на кардиоваскуларни заболувања кои се во вредност од 300 илјади денари сопствени средства од здравствената установа.
Како што истакна на денешната прес-конференција директорката на Здравствениот дом, д-р Тонкица Петровска, апаратите биле неопходни за да може навреме да се воспостави дијагнозата и конретниот проблем кај пациентот кој има кардиоваскуларни потешкотии.
- Едниот апарат е кардиотомограф познат како ЦТГ за трудници, кој ќе биде ставен во употреба на матичните гинеколози. Вториот е рекордер за крвен притисок со софтвер со кој ќе се снима 24 часа крвниот притисок и дневно може по еден пациент да се мониторира, потоа и рекордер за срцева акција со софтер и ќе може по еден пациент да се мониторира, за да се видат срцевите акции и полесно ќе се поставува дијагностика, а со тоа и соодветна терапија, рече Петровска.
Таа додаде дека апаратите ќе бидат ставени во функција за две недели.
- Пациентите повеќе нема да ги праќаме во другите центри за вакви испитувања. Досега им закажувавме во Штип, во Кочани, а со нивното инсталирање во Здравствениот дом, ќе ги ставиме на Мој термин, така што со закажување ќе се организира дијагностиката на овие апарати, рече Петровска.
Информираше и дека годинава Здравствениот дом од Делчево инвестира и околу 900 илјади денари сопствени средства за промена на столаријата на зградата која е стара повеќе од три децении. Освен ова, во планот за работа за 2017 година планирана е набавка на уште неколку нови апарати за потребите на специјалистичките амбуланти по оториноларингологија, офталмологија и интерна медицина.
- Во 2017 година планираме да набавиме флексибилен ларингоскоп, исто така, ќе го доопремиме со апарати и кабинетот за офталмологија, но во планот ни е да набавиме и еден нов посовремен ехо-апарат, рече Петровска.
Инаку, во тек е специјализација на лекар од Здравствениот дом во Делчево за вонболничка педијатрија, а најавени се и специјализации за радиологија и офталмологија кои треба да започнат по нова година во соработка со УГД Штип.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
