Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • Преглед на вестите од светот

  • Рекордна невработеност на високообразованите во Германија

  • Преглед на вестите од светот

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Египет прогласи 35 исламски организации во Европа...

    11.11.2026
  • Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало...

    11.11.2026
  • Американските акции паѓаат поради раст на...

    11.11.2026
  • Извештај на американскиот Конгрес: Државата со...

    11.11.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија

  • Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација

  • Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  • Културата како мост за поврзување со Јапонија

  • Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема

  • Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра

  • Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом

  • Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија