-->
-->
Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-->

Фудбалската федерација на Македонија го одреди распоредот на натпревари во новата сезона во Првата лига во футсал, која ќе стартува на 10 октомври.
Шампионот КМФ Проект ќе ја почне одбраната на титулата на домашен терен против КМФ Јувентус Серава.
Преостанатите парови од воведното коло се КМФ Бутел – КМФ Железарец, КМФ Клими – КМФ СЕЕ Универзитети, КМФ Форца 2015 – КМФ Шкупи и КМФ Кеги Моби – КМФ Осогово. Една недела подоцна стартуваат и натпреварите во второлигашката конкуренција.
Во првата рунда од Втората футсал лига се среќаваат: КМФ Фудбал Старс Аутовелт – КМФ Кратово, КМФ Мал Ајакс – КМФ Овче Поле, КМФ Балкан – КМФ Победа и КМФ Каршиака – КМФ Шутка 1. Слободна во првото коло е КМФ Црна Река.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
