Нова водоводна мрежа во Општина Ѓорче Петров
Нова водоводна мрежа се поставува на улицата „Алексо Демниевски“ и краците на самата улица (од крак 1 до крак 29) во Општина Ѓорче Петров во должина од 1500 метри со полиетиленски цевки и дијаметар од 90мм. Инвестицијата за изведување на оваа мрежа изнесува околу 6.000.000 денари.
Увид на работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. „Алексо Демниевски“ вчера извршија генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
– „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работи на подобрување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, а со тоа и на подобрување на услугите за граѓаните. Со поставување на новата мрежа на ул. „Алексо Демниевски“, која се изведува во соработка со Општина Ѓорче Петров, се оформува циркулационен прстен, односно спојување на досега слепите краци на постоечката мрежа со што ќе се подобри водоснабдувањето за корисниците во овој дел од градот Скопје, истакна Весковски.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица