Нова српска серија во 9 епизоди на Сител Телевизија од денеска во 18:00

Пред почетокот на новата сезона од квиз шоуто "Се или нешто", Сител телевизија ќе ја емитува српската серија "Самец во бракот" во 18 часот. Серијата е снимена по роман на Мир Јам, авторката на неколкуте српски серии емитувани на Сител, а по истиот роман се снимени и два долгометражни филма : Брод плови за Шангај (1991) и Кад љубав закасни (2014).
Минатата година беше премиерно емитувана на Прва српска телевизија, а од утре започнува и во Македонија. Во продолжение прочитајте ја содржината за романтичната љубовна приказна на Радмило и Лилјана.
Содржина :
Радмило е адвокат кој со години е вљубен во убавата Лилјана. Иако е најпосакуваниот ерген во малото гратче каде живее, тој ги одбива сите брачни понуди затоа што сака Лилјана да е единствената жена со која би се оженил. Но таа планира да се омажи за Момчило, кој пред свадбата, во последен момент го покажува своето вистинско лице и одбива да се ожени со Лилјана. Изнервирана и бесна поради тоа, Лилјана од инает се мажи за Радмило иако не е заљубена во него.
Лилјана не е среќна во бракот и сака да се разведе, а Радмило ја моли да остане уште некое време како би смислиле како сето тоа ќе помине без скандали и озборувања во малото место. Радмило во бракот живее како самец, а Лилјана со тек на време почнува да го цени неговото внимание.
Нивниот однос постепено прераснува во голема љубов и тие двајцата остануваат да живеат заедно.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
