Нова подружница на АМЕРИТ на влезот на Скопје

Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај (АМЕРИТ) ја отвори 10-та подружница, која се наоѓа на влезот на Скопје.
Новата подружница е лоцирана во кругот на транспортната фирма „Дени Интернационал“, од левата страна на автопатот пред влезот во Скопје. На оваа локација се врши царинско работење, како и сортирање на стоки, што пристигнуваат во земјава од подалечните дестинации.
Работното време е од 8:30 до 16:30 часот, а патните транспортери ќе можат да подигаат и раздолжуваат ТИР карнети, патни документи за превозниците на стоки кои ги користат за безбеден и побрз премин на граничните премини без отворање на возилата и за транзит низ државите низ кои превезуваат.
- Отворањето на новата подружница на АМЕРИТ следи по воведувањето на големиот јунски пакет на бенефиции за македонските патни транспортери, кога Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, со седиште во Женева, на иницијатива на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ донесе одлука за намалување на цените на ТИР карнетите од 10 јуни годинава, потоа за нивна зголемена важност од 60 на 75 дена, а наскоро и повисока гаранција од 60.000 на 100.000 евра по ТИР карнет. Сето ова се очекува да биде значително транспортно олеснување и стимул во работењето на домашните патни превозници на стоки, се вели во соопштението од АМЕРИТ.
Свои подружници АМЕРИТ има отворено и во склоп на Дирекцијата во центарот на Скопје, во Кавадарци, Штип, Радовиш, Гевгелија, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово.
Подружниците на македонските патни транспортери покрај ТИР карнетите им нудат и цела палета на услуги како што се барања за тахографски картички, пријавување за обуките што ги врши Центарот за обука на АМЕРИТ, поднесување на барања за гарантни писма за руски визи и информации во врска со домашниот и меѓународниот транспорт.
Ново на Сител
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
