-->
-->
Нов светски рекорд на Дибаба
-->

Фудбалерите на Барселона забележаа победа во Хихон на тимот на Спортинг (3:1) и ја зголемија предноста на врвот на табелата во однос на Атлетико и Реал на шест, односно седум бодови. Овој натпревар требаше да се одигра во декември минатата година, но беше одложен поради настапот на Барселона на Светското клупско првенство.
Очекуваниот триумф на Барселона во Хихон мина во знакот на Лионел Меси, кој постигна два гола, а првиот беше негов 300-ти во 334 натпревар во Примера, со што постави единствен рекорд. Никој пред Аргентинецот не стигнал до бројката од 300 голови во Примера. Инаку подоцна Меси го постигна и 301 гол во шпанскиот шампионат.
Зад Меси, во Шпанија се Телмо Зара со 251 гол и Кристијано Роналдо со 224 голови, во 246 натпревари за Реал. Во најсилните европски првенства пред Меси се Џими Гривс кој во англиската лига постигнал 357 голови, односно Герд Милер кој во Бундеслигата постигнал 365 голови.
Што се однесува до мечот во Хихон, Меси постигна прекрасен гол во 25.минута за 0:1, две минути подоцна израмни Кастро, но Меси со својот втор гол во 31.минута ја врати предноста на Барселона. Во второто полувреме Луис Суарез промаши пенал во 62.минута, а потоа во 67.минута, Уругваецот со својот 24 гол во првенството го постави конечниот резултат.
Барселона по 24 рунди во Примера има 60 бодови, Атлетико е втор со 54, еден повеќе од Реал, а на четвртата позиција е Виљареал со 48 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
