Нов спор помеѓу Велика Британија и ЕУ поради извозот на вакцините
Нов спор изби меѓу Велика Британија и ЕУ откако претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изнесе тврдење дека Велика Британија го забранила целиот извоз на вакцини против Ковид-19, а Владата во Лондон одлучно демантира, пренесува Би-Би-Си.
Би-Би-Си наведува дека британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјавил дека тврдењата на највисокиот функционер на ЕУ се погрешни и дека никогаш немало целосна забрана за извоз на вакцини произведени на нејзино тло.
– Владата на Велика Британија не го блокираше извозот на ниту една вакцина против Ковид-19 или компоненти на вакцината. Секоја индикација за забрана за извоз од Велика Британија или какво било ограничување на вакцините е целосно неточно, порача Раб.
Како што пренесува Би-Би-Си, ова е втор пат од почетокот на годинава Велика Британија и ЕУ да имаат несогласувања околу производството и дистрибуцијата на вакцини против коронавирус, а новиот конфликт е предизвикан од изјавата на претседателот на Советот на ЕУ, кој рече дека е „шокиран од тоа што ЕУ е обвинета за национализам на вакцините, затоа што воспостави само механизам за контрола на извозот на вакцини произведени на нејзино тло“.
– ЕУ никогаш не престана да извезува вакцини и повеќето дози што овозможиле масовна вакцинација во Израел се од Белгија, додека Велика Британија и САД директно забранија извоз на вакцини или компоненти од кои се прават, рече Мишел.
Би-Би-Си наведува дека лидерите на ЕУ се под притисок поради бавното воведување вакцини на континентот, во споредба со Велика Британија, каде што 22,5 милиони луѓе, третина од возрасната популација, ја примија првата доза.
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа