Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест денеска во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје.
Овој повик доаѓа откако Основниот кривичен суд Скопје денеска му досуди 12 години затвор на Васил Јованов, кој со автомобил на 29 јануари годинава ја усмрти 22-годишната девојка во сообраќајна несреќа.
Сестрата на загинатата Фросина, Росица Кулакова, во објава на социјалните мрежи го изрази незадоволството од пресудата на Кривичен и ја нарече триумф на праксата на неказнивост и плукање врз болката на семејството.
-Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина, напиша на Фејсбук, Росица Кулакова.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина