Нов парк во општина Ново Село

Заврши изградбата на паркот во општина Ново Село. Паркот е опремен со современа урбана опрема и хортикултурно е уреден.
- Задоволни сме што завршивме со реализација на овој проект. Ново Село уште еднаш стана пооплеменето, а жителите може да уживаат во уредениот простор. Активностите се дел еден покомплексен проект за парково уредување на централните подрачја во повеќе населени места во нашата општина. Опфатени се и Зубово, Сушица, Борисово, Мокриево, Дражево и Смолари, информира градоначалникот на Ново Село Блажо Велков.
Тој информира дека изградбата на парк изнесува 934.363 денари. Овие средства, како што рече, се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година и од буџетот на општина Ново Село.
Од овој проект досега се изградени паркови во населените места Сушица, Зубово и Ново Село, се гради паркот во Мокриево, следува Борисово, а потоа другите населени места.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
