Нов пад на невработеноста- историско најниски 23,4 отсто!

Македонија бележи нов пад на невработеноста- историски најниски 23,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал од 2016 година стапката на невработеност изнесува 23,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на 2015 година бележи намалување од 2,7 отсто, во однос на третиот квартал 2015 година стапката на невработеност е пониска за 1,1 отсто, а во однос на претходниот квартал невработеноста е намалена за еден отсто.
Според објавените податоци Република Македонија брои 949.944 лица од кои вработени се 727.985, а 221.959 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,6, стапката на вработеност е 43,4 отсто.
Од невработените мажи се 61,7 проценти, а жени се 38,3 отсто. Најголема е стапката на невработеност во групата од 25 до 49 години. Според образованието најголема е стапката на невработени со четиригодишно средно образование 99.954 лица. Со основно се 46.831, со високо 39.237, со тригодишно средно образование 25.623, со незавршено основно образование 4.257, со више 3.598 и без образование 2.459 лица.
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
