-->
-->
Нов мурал на МКЦ
-->

На надворешниот ѕид на Младинскиот културен центар (МКЦ) почна изработка на нов мурал, дел од активностите по повод Денот на востанието - 11 Октомври со нов мурал.
Темата на муралот е „индоктринација" или: методите и последиците на вбризгувањето идеологија и доктрина во сферата на културата, образованието, религијата, политиката, медиумите, претприемништвото, земјоделството…
- Откако „муралистички“ прославивме 1/4 век официјална независна Македонија, ред е да ја славиме и првата пушка во Куманово и Прилеп. Се разбира, „муралистички“, се вели во соопштението од МКЦ.
Муралот се изработува на површина од 120 метри квадратни. Учесници во изработката се Иван Ивановски, Јана Јакимовска, Игор Тошевски, Атанас Ботев; Никола Радуловиќ, Милан Андов, Филип Велковски, Ана Јовановска, Сања Симоска, Бранкица Јордановска; Владимир Лукаш, Сали Ертунч, Зорица Зафировска, Перо Кованцалиев, Инес Ефремова, Ненад Тонкин, Горан Дачев, Маја Кировска, Миле Ничевски, Кристина Божурска, Марија Сотировска, Ване Костуранов, Марко Јанев, Шкипе Мехмети, Филип Јовановски, Анастасија Величковска, Љубиша Камењаров, Никола Анѓеловски, Иван Галовски, Крунислав Стојановски, Вук Митевски, Горан Менков, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Ели Чочова и Ѓорѓе Јовановиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
