Нов асфалт на влезот и излезот на Штип

Заврши реконструкцијата на влезот и излезот на Штип, од кружниот тек кај населбата „Железничка“ до факултетите, кои се сместени во Кампус 4. Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов информира дека градежните работи ги изведе ЈП „Македонија пат“, а средствата во износ од 10 милиони денари се обезбедени преку Државната Агенција за државни патишта.
- Продолжуваат активностите за обнова и асфалтирање на улици во Штип. По завршување на тендерските постапки, за 20-тина денови се очекува да се асфалтира улицата „Вардарска“ каде ЈП Исар ја менува мрежата, во населбата Горна Балканска, како и на улуцата „Пиринска“. Завршени се тендерските постапки и за асфалтирање до Еврејските гробишта и улицата „Тодор Чучков“, вели Ристов.
Во тек се тендерски постапки за улица во село Долани до црквата, потоа во селата Врсаково, Суво Грло и Долно Трогерци, кои парично се помогнати од Агенцијата за финансиска поддршка на рурланиот развој. Но, додека да се заврши постапката со Агенцијата, локалната самоуправа не губи време туку сака да ги заврши тендерските постапки и навреме да се реализираат градежните зафати за асфалтирање.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
