Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам

Вимблдон има нова шампионка, а тоа е Линда Носкова од Чешка или шеста тенисерка од оваа држава која го освојува победничкиот пехар на овој турнир. Таа во финалето ја совлада Каролина Мухова со 2-1 во сетови.
– Ова делува како прва победа … Неверојатно … се тука беше тешко, физички, психички. Никогаш не е лесно да се игра против пријателка и Каролина успеа да ме расплаче … Ова нема да ти го заборавам. Задоволство ми е што играв против неа и што дојдов до првата титула. Не против тебе, туку со тебе. Верувам дека сите Чеси уживаа во мечот независно за кого навиваа и ти (Мухова) да го освоеше пехарот немаше да биде незаслужено, изјави Носкова.
Пред Носкова од Чешка шампионки на Вимблдон беа Мартина Навратилова (Чехословачка, а има титули и како Американка), Јана Новотна, Петра Квитова, Маркета Вондрушова и Барбора Крејчикова.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
