Норвешка од денеска ги укинува сите ограничувања воведени поради Ковид-19

Норвешка од денеска целосно се отвора и ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија физичките контакти и блокираа голем дел од економијата.
Одлуката повеќе да не се бара физичка дистанца ќе им овозможи на културните и спортските места во Норвешка да работат со полн капацитет, рестораните повторно да бидат полни, а ќе се отвораат вратите и на ноќните клубови.
Сулберг веќе заврши три од четирите фази во владиниот план за постепено укинување на социјалните и економските ограничувања што беа воведени од март минатата година. Сепак, почетокот на последната фаза беше одложен неколкупати поради стравувањата од можно зголемување на бројот на заразени лица.
– Накратко: сега можеме да живееме нормално, нагласи таа, додавајќи: „Сакам да кажам, многу ти благодарам, Норвешка!”
– Иако повеќето луѓе сега се враќаат во нормалото секојдневие, пандемијата не е завршена. Луѓето ќе продолжат да се разболуваат, па затоа е важно сите да бидат вакцинирани, предупреди Сулберг.
Според Националниот институт за јавно здравје, околу 76 проценти од Норвежаните досега биле вакцинирани со најмалку една доза, а 67 проценти од населението се имунизирани со две дози.
Сулберг истакна дека луѓето кои ќе се заразат со коронавирус, ќе мора да се изолираат за да не го шират вирусот.
Таа нагласи дека ограничувањата за патување исто така се олабавуваат и Владата повеќе нема да им препорачува на граѓаните да не патуваат надвор од Европа.
Ново на Сител
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
