Нордиски и балтички лидери во Киев по повод годишнината од руската инвазија

Лидерите од нордиските и балтичките земји, вклучувајќи го финскиот претседател Александер Стуб и шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска пристигнаа во Киев по повод четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
– Мило ми е што ги поздравувам лидерите на нордиските и балтичките земји, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината – напиша шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на X.
Данската премиерка Мете Фредериксен и нејзиниот норвешки колега, Јонас Гар Стере, исто така се во Киев.
Лидерите ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговараат за континуираната воена поддршка за Украина, санкциите против Русија и разговорите меѓу Украинците, Русите и Американците, соопшти кабинетот на данската премиерка.
– Треба да ги продолжиме напорите за да ја ставиме Украина во најдобра можна преговарачка позиција. Тоа го правиме со испорака на оружјето што ѝ е потребно и со зајакнување на санкциите против Русија до максимум – рече Мете Фредериксен.
Нордиските земји се меѓу најголемите воени и цивилни поддржувачи на Украина. Вкупната воена и цивилна поддршка на Шведска за Украина, на пример, изнесува приближно 128 милијарди шведски круни (речиси 12 милијарди евра).
Во Киев денеска се и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
