-->
-->
Њукасл му „скина“ два бода на Јунајтед
-->
Драматична завршница имаше дуелот од 20-тото коло во Премиер лигата во Њукасл каде домашните спасија пораз од Манчестер Ј. во 90тата минута кога израмнија на конечни 3-3.
Гостите одлично започнаа и водеа со 2-0 со головите на Руни од пенал и Лингард.
Популарните „Свраки“ во продолжението диктираат темпо предводени од српскиот интернационалец Митровиќ и преку Вајландум и токму Митровиќ од пенал израмнуваат на 2-2. Манчестер има ново водство од 3-2 со вториот погодок на Руни но Дамет успева во финишот да обезбеди значаен бод за својот тим во битката за опстанок.
Со овој кикс тимот на ван Гал падна на 6. место на талелата откако Вест Хем победи кај Бурнемут со 3-1 и го фати 5. место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука
-
Земјотрес со јачина од 8,7 степени на рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора