Ниту едно македонско знаме во Кичево - градот преплавен од албански знамиња

По повод 28 Ноември, Денот на албанското знаме, и во исто време Денот на независноста на Република Албанија, и оваа година како и претходните, општините каде живеат мнозинство етнички Албанци се преплавени со албански знамиња. Така е и во Кичево каде деновиве насекаде може да се види симболот на двоглавиот орел, но граѓани од останатите заедници во овој град реагираат на тоа што никаде го нема македонското знаме.
Според законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, локалната самоуправа е должна во ваков случај да го истакне и државното знаме и тоа со поголеми димензии. Сепак, оваа обврска и понатаму се игнорира.
Истата ситуација е и во Тетово, Дебар и во дел во Скопје.
Во Струга, пак, албанското знаме утринава осомна во холот на едно училиште. Градската самоуправа на Рамиз Мерко го украси целиот град со ова знаме, но како и во Кичево отсуствува македонското, поради што реагираше ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација. Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег? За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе? За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, пишува во соопштението на огранокот на ВМРО ДПМНЕ од Струга.
Инаку, во Законот за употреба на знамиња, донесен во 2005 година, стои:
(1) Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата и се мнозинство во таа единица на локалната самоуправа, согласно со членот 2 од овој закон, доколку се истакне знамето на таа заедница, се истакнува и знамето на Република Македонија:
– при прослави, свечености и други политички, културни, спортски и слични манифестации кои се од значење за единицата на локалната самоуправа.
Подоцна во 2011 година, во Измените и дополнувањата на законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, објавен во Службен весник на Р.Македонија бр. 100, на ден 25.07.2011 година, во член 8-а стои:
„Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.“
Извор: fokus.mk
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
