Николовски: Разговараме со помали партии од коалицијата СДСМ – ДУИ за да падне оваа Влада

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вечерва во Дневникот на Сител изјави дека партијата веќе бара предвремени парламентарни избори и оти нивниот план се состои од три чекори.
Првиот чекор, како што рече, е Владата сама да си поднесе оставка, а вториот е да се формира влада на национално единство која ќе биде составена од експерти и ќе има поддршка од сите политички партии. Нејзина цел ќе биде да ја надмине здравствената и економската криза.
– Доколку почнат сега да работат, можат тоа да го направат до април-мај и веднаш потоа да се оди на предвремени парламентарни избори на кои Македонија ќе добие нова политичка влада, убеден сум, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Николовски.
Според него, најдобро е Владата самата да поднесе оставка, но, како што посочи, убеден е дека тоа нема да се случи.
– Затоа ВМРО-ДПМНЕ во Собранието интензивно работи со неколку политички партии кои се дел од коалицијата СДСМ-ДУИ, но не припаѓаат на СДСМ или ДУИ, туку се помали политички партии. Разговараме со нив со цел да падне оваа Влада, бидејќи и тие се незадоволни од националното предавство што и се случува на Македонија и од сериозната економска и здравствена криза. Многу брзо, по празниците, мислам дека јавноста ќе има што да види, рече Николовски, додавајќи дека ќе одат во два чекора – интерпелација, а потоа гласање на доверба на Влада.
Николовски рече дека не се гледа за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека на редовниот конгрес идната година планираат да усвојат нова програмска доктрина на партијата и нови конгресни документи кои ќе ја определат патеката во следната декада 2020-2030.
Обвини за изборен поткуп од страна на власта на предвремените парламентарни избори што се одржаа во јули годинава.
– На денот на изборите поткупот оди до толку високо што во Струмица се плаќаа 12 илјади денари за глас, во Ново Село од девет до десет илјади денари за глас. За Квадарци имам информација дека се потрошија преку 200 илјади евра за поткуп, а градоначалниците на Дојран и Василево беа фатени како делат поткуп. Полицијата ги уапси, но за жал, независното во наводници обвинителство, сега не ја процесуира пријавата, рече Николовски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
