Николовски: Нема што да криеме, граѓаните треба да ги знаат сите информации за увозот на мазут
Анализата што ја направија државните институции за увозот на мазут покажа неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра.
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски денеска на прес-конференција соопшти дека сите наоди утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање и утврдување на евентуална кривична одговорност.
– Сето ова покажува дека веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на мој предлог, со Министерство за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Институциите под ингеренции на Владата, веднаш постапија согласно законите и нивните надлежности и изрекоа соодветни казнени мерки, рече Николовски.
Тој нагласи дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и додаде дека нема да прават никакви отстапки на тоа поле.
– Би сакал да нагласам дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатија и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршеа во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати. Притоа кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција, нагласи Николовски.
Вицепремиерот посочи дека нема што да се сокрие и нагласи дека граѓаните треба да ги знаат сите информации.
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
