-->
-->
Николовски: Кочи Мицко, има и втор круг
-->
Коалицијата предводена од СДСМ победува уште во прв круг или води во над 25 општини, порача вечерва генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
Тој објави дека СДСМ победува во Скопје и рече дека новиот градоначалник ќе биде Петре Шилегов. Освен во Град Скопје СДСМ, според Николовски, победува во Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Берово, Кочани, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија. Од скопските општини ги кажа Карпош, Центар, Шуто Оризари…
За Куманово рече дека резултатите се менуваат од минута во минута, а во тесна битка било и во Бутел.
-Тоа што ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидуваат да конструираат лажна еуфорија е поради политичката неукост на Мицкоски. На него му порачуваме дека ова не е арена за навивање. Локалните избори секогаш имаат втор круг , затоа кочи Мицко, рече Николовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје