Николоски: Градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново
Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата година и половина, Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на Комисија која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административни проблеми во изградба на овој дел од експресниот пат.
“ После година и половина јас веднаш ја формирав Комисијата. Таа веќе почна да работи и тоа што е најважно веќе од август ќе се засилат работите на терен се со цел во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е најтешката фаза за што имавме состанок до Синохидро и таму ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април месец следната година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај”, изјави министерот Николоски.
Според министерот Николоски, од следната година ќе започне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во делови каде што недостасува трета лента, се со цел до крај на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.
Министерство за транспорт и врски
Ново на Сител
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури