-->
-->
Николиќ: Сепак успеавме 25 минути да бидеме равноправни
-->
Тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ изјави дека падот на концентрацијата на неговите избраници во последните 15 минути е причината за високиот пораз од Црвена звезда.
- Пред натпреварот со играчите разговаравме за противникот кој е еден од најквалитетните тимови на овие простори и пошироко. Тие имаат извонредна одбрана и примаат мал број поени. Сепак ние успеавме 25 минути да бидеме рамноправни, а во тој период Црвена звезда водеше со дваесетина поени против екипи како Цедевита, Партизан Цибона... Ние како последно пласирани во АБА лигата дојдовме да играме против таков тим. ЈА изгубивме концентрацијата пред крајот на третиот период и мислам дека во последните 12 минути примивме 40 поени. Со должен респект кон лигата, мислам дека и репрезентација составена од АБА клубовите тешко би ја победила Црвена звезда на нејзин терен, истакна Николиќ.
Карпош Соколи вчеравечер загуби на гостувањето во Белград од Црвена звезда со 91:70, иако на полувреме резултатот беше нерешен 38:38.
За „црвено-белите“ ова беше максимална десетта победа, а за македонскиот тим деветти пораз по десет одиграни рунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола