Никола Јанкуловски нов ректор на УКИМ

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, денеска е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
На седницата на Универзитетскиот сенат Јанкуловски доби поддршка од 43 сенатори. Неговиот противкандидат, професорот на Природно-математичкиот факултет и поранешен министер за образование Ненад Новковски, освои шест гласа, додека шест гласа беа неважечки.
По изборот Јанкуловски рече дека максимално ќе се залага да ги реализира целите кои ги ветил во програмата и оти Универзитетот треба да се најде на местото кое го заслужува.
На изборот на новиот ректор му претходеше тензична атмосфера при конституирањето на новиот Универзитетски сенат. Студентскиот пленум и младински организации утрово го блокираа Ректоратот барајќи одложување на седницата, бидејќи, според нив, претставниците на студентите во сенатот се нелегитимни.
Од Студентскиот пленум истакнуваат дека нема да ги прекинат своите активности против, како што велат, нелегитимните претставници, бидејќи на 30 јуни ќе има избор за нов студентски лидер.
Ново на Сител
-

Почнува европската воена мисија на Гренланд
-

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон
-

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
