-->
-->
Нико Али по стапките на дедо му
-->

Нико Али Волш, внукот на најголемиот боксер на сите времиња, Мухамед Али, победи во својот прв професионален меч во шорцеви кои ги добил на подарок од великанот.
21-годишниот Али Волш лесно го реши противникот Џордан Викс, нокаутирајќи го по само 70 минути во рингот во меч во средна категорија во Катуса, Оклахома.
„Ова беше многу емотивен меч за мене и мислам дека ги исполнив очекувањата. Секако, размислував за мојот дедо постојано, многу ми недостасува“, изјави Али Волш по мечот.
Мухамед Али трипати стануваше шампион во тешка категорија, станувајќи легенда на спортот и еден од ретките спортисти кои ги надмина границите на популарноста на боксот. По долгата борба со Паркинсоновата болест, Али почина во 2016 година. Али Волш е син на ќерката на Мухамед Али, Рашида Али
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
