Нигериската армија ослободи 180 затвореници

Нигериската армија ослободи 180 луѓе кои со месеци биле затворени под сомнение дека се поврзани со бунтовничката исламистичка група Боко харам.
Меѓу ослободените има и мајки со бебиња и деца.
Осомничените беа предадени во градот Мајдугуру на гувернерот на нигериската сојузна држава Борно, Кашим Шетима, кој ќе ги врати на семејствата. Началникот на армијата генерал-полковник Кенет Минима изјави дека истрагата покажала дека ослободените не извршиле криминално дело.
Некои од ослободените жени изјавиле дека се вдовици, а други тврделе дека се затворени поради нивните браќа, кои се осомничени дека се членови на Боко харам.
Владата на претседателот Мухамаду Бухари изјави дека го испитува извештајот на „Амнести интернешнл“ во кој се наведува дека нигериската армија е одговорна за смртта на околу 8.000 приведени, некои биле убиени, а други умреле од глад и задушување.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
