Незири - Маѓар: Се продлабочува соработката меѓу Македонија и Унгарија

Интензивирање на економската соработка и поголема трговска размена треба да биде задачата на Мешовитиот комитет, констатираа денеска министерот за економија Беким Незири и државниот секретар за економска дипломатија на Унгарија Левенте Маѓар.
Незири е домаќин на унгарската делегација предводена од Маѓар која претстојува во Македонија на подготвителен состанок за Мешовитиот комитет, кој треба да се одржи до крајот на годината.
- Состојбата со билатералната трговска размена, според нашите статистички податоци, покажува дека извозот од Република Македонија за првите пет месеци оваа година порасна за 63 отсто во однос на истиот период лани, додека за жал, увозот од Унгарија има пад од 58 проценти. Задачата на Мешовитиот комитет треба да биде во насока да се изнајде начин размената што повеќе да расте и да се надмине состојбата со пад на унгарскиот увоз во Македонија, рече министерот Незири.
Одржувањето редовни седници, додаде, е вистинскиот начин за континуирано унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји, која во 2014 година достигна раст од околу 60 отсто, споредено со претходните години, и обем од 102 милиони долари.
Незири и Маѓар се согласија дека позитивен сигнал за натамошно продлабочување на економската соработка е одржувањето на Третата седница на Мешовитата македонско-унгарска комисија до крајот на 2015 година според Договорот за економска соработка.
Седниците на Мешовитиот комитет по потпишувањето на Договорот за економска соработка во 2011 година меѓу Македонија и Унгарија редовно се одржуваат, а на денешниот подготвителен состанок се дефинираа темите за кои постои реален интерес за продлабочување на соработката.
Државниот секретар за економска дипломатија изрази поддршка за идејата во рамки на Третата седница на Мешовитиот комитет да се одржи и Бизнис форум во Будимпешта.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
