Незадоволни родители на ученици нудат училиште на „продажба“
Незадоволни родители на учениците од француското село Тернан во Ниевр, го нудат локалното училиште на „продажба“, по објавувањето на информациите дека од идната година оваа образовна институција ќе биде затворена, јави дописникот на МИА од Париз.
- Ние сме во потрага по купувач, стои во „огласот“ што интернет го објавија родителите од селото кое има околу 200 жители.
Во „огласот“ не е наведена цената на училиштето, но се потенцирани предностите кои ќе ги има идниот сопственик - „дигитална табла во кантината и тим од мотивирани родители на учениците".
- Сакавме да се кренеме врева, изјави претставничката на родителите Натали Турел, која нагласи дека тие се „борат" училиштето да остане и натаму отворено. - Ние сме далеку од соседните градови. До најблиското училиште има 15 километри, додава таа.
Училиштето оваа учебна година има 10 ученици, но според родителите, веќе идната година ќе има 13 деца, а од 2020 - 19.
Според надлежните власти, постои план за затворање на училиштет, но засега се уште не е донесена таква одлука.
Ова не е првпат родители на ученици во Франција да нудат на продажба училиште, во знак на протест против плановите за нивно затворање или за укинување на одделнија. Слични понуди за продажба имапе и во местото Мозе лани во јуни или во едно село во Атлантските Пиренеи во мај 2015 година.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал