Нетанјаху вели дека нема планови за израелски населби во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не планира да гради населби во Појасот Газа откако ќе заврши војната таму, пренесе ДПА.
– Раселувањето на Газа … никогаш не беше на маса. Некои од моите гласачи не се задоволни поради тоа, но тоа е мојата позиција, рече Нетанјаху во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен.
Неколку од десничарските националистички министри во коалицијата на Нетанјаху постојано се изјаснуваат за населување на Појасот Газа со еврејски доселеници. Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир вчера изјави дека и самиот би сакал да живее таму.
– Штом ќе биде поразена палестинската милитантна организација Хамас, мора да се постигне одржлива демилитаризација на Појасот Газа, изјави Нетанјаху за Си-Ен-Ен, додавајќи дека „единствената сила што може да го спречи повторното оживување на тероризмот во догледна иднина е Израел“.
– Во исто време сакаме, сакам, цивилна администрација што ќе ја водат жители на Газа кои не се ниту Хамас, ниту се посветени на наше уништување, додаде израелскиот премиер.
Бени Ганц, член на воениот кабинет на Израел, во саботата рече дека тој и другите членови на неговата централнодесничарска партија Национална унија ќе ја напуштат владата на Нетанјаху доколку тој не претстави план за повоениот поредок во Појасот Газа до 8 јуни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев