Несекојдневна изложба на олдтајмери во недела во Скопје

Околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли ќе бидат дел од „Skopje Classic Day“ 2018 што ќе се одржи во недела на плацот кај авиончето во општина Аеродром.
Меѓу нив ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери.
- Идејата е да се претстават олдтајмерите што ги има во Македонија заедно со возилата кои ќе бидат донесени од четири соседни држави. Граѓаните ќе имаат можност да поминат ден од викендот дружејќи се со одбрани автомобили и моторцикли кои не се гледаат секојдневно, велат во разговор со МИА двајцата организатори на настанот Благоја Петровски и Игор Стефановски, кои неодамна по трет пат во Скопје го организираа и „Distinguished Gentleman's Ride“.
Двајцата истакнуваат дека сакаат да организираат настан кој ќе биде поразличен од останатите и на кој ќе бидат претставени олдтајмерите во едно поинакво светло.
- Ќе има индивидуално претставување на секое возило и ќе се обидеме да ангажираме девојки кои ќе имаат соодветен аутфит со периодот од кој потекнува возилото со цел да се добие целосен впечаток за тој временски период. Селектираме автомобили и моторцикли бидејќи идејата не е да одиме на квантитет, туку на квалитет, велат Стефановски и Петровски.
Во рамки на настанот ќе биде доделена и награда за најдобра целосна презентација што е пракса во државите каде се организираат вакви настани.
Замислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото. - Секој има приказна врзана за своето возило - како го нашол, колку време му било потребно да го рестарвира возилото......, вели Петровски.
Двајцата неуморни љубители во олдтајмерите и урбаните мотори најавуваат дека ова е само почеток на нивната идеја овој настан да премине во традиција.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
