Македонија
4. March 2016 - 13:10

Непроменети цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во февруари годинава се на исто ниво како во претходниот месец, а се повисоки за 0,3 отсто во споредба со февруари 2015 година. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јануари 2016 година намалување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,3 проценти. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,6 проценти, додека во однос на декември 2015 година се непроменети.