Непостоењето на единствен Адресен регистар го отежнува работењето на институциите
Непостоењето на единствен централизиран Адресен регистер, со точни и ажурни податоци, го отежнува работењето на институциите и размената на податоци. Адресниот регистар, што треба да биде воспоставен, ќе содржи единствени просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви и ќе се користи во разни статистички цели.
Ова беше истакнато на денешната работна средба во Скопје што ја организираше Агенцијата за катастар на недвижности, а на која присуствуваа претставници од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), градоначалници и геодети.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев рече дека со Адресниот регистар ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точноста на податоците.
Градоначалникот на Град Скопје, кој е и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов рече дека со новиот закон ќе се овозможи надминување на недостатоците во однос на начинот и постапката на донесување одлука за определување на име на улица, булевар, плоштад, кеј и друг инфраструктурен објект, како и во делот на водење евиденција за имиња на улици, булевари, плоштади и други инфраструктурни објекти.
Словенечките искуства со воспоставувањето на Адресниот регистар ги пренесе Томаж Петек од Геодетската управа на Словенија.
Од Агенцијата за катастар на недвижности истакнуваат дека воспоставувањето на Адресниот регистар е приоритетен проект во нивниот стратешки план за периодот 2017-2019 година.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле